Денеска (15.11.2018г.) со почеток од 14,00 часот ќе се одржи редовна седница на Советот на општина Неготино на која на дневен ред за расправа се наоѓаат 8 точки. Се очекува советниците да се произнесат по предлог-одлуката на УПВМН за лесна индустрија на катастарски парцели во Криволак, Црвени Брегови и Неготино, предлог-одлуката за определување на ширина на крајбрежниот појас на Тимјаничка река и Рајков дол во Тимјаник опфатени со урбанистички план, како и носење на одлука за давање согласност од општинскиот Совет за намената на инвестицијата. На дневен ред пред советниците ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.07.- 30.09.2018 година, предлог-заклучок за усвојување на план за програми за развој ИПА, како и други прашања од делокругот на работа на Советот на општина Неготино.