Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По завршувањето на неопходните подготвителни активности за изградба на нова улица кои се одвиваа во изминатиот период, изградбата на улицата во село Криволак во должина од 410 метри финишира со нејзино комплетно асфалтирање. Асфалтерските работи се започнати и согласно однапред утврдената динамика, во предвидениот рок за тоа улицата ќе биде асфалтирана и тамошните жители на располагање и користење ќе добијат нова и современа улица. Станува збор за проект кој се реализира врз основа на потпишаниот меморандум помеѓу општина Неготино и невладината органзиација Ромалитико за соработка за изградба на улица во Криволак, која е предвидена и во Програмата за комунални дејности на општина Неготино. Инаку, кога се во прашање финасиските средства, општина Неготино при изведувањето на работите учествува со 60 отсто од вредноста на работите, а Ромалитико обезбедува 40 отсто од потребните средства.

Close Search Window