Со одржување на натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители од општина Неготино од реколтата 2024-та година, започнаа активностите од 4-дневното одбележување на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун.
Годинава во предвидениот рок за тоа до општина Неготино беа доставени околу 60 мостри од кои 25 ракии и 35 мостри на бело, црвено и розе вино.
Истите беа дегустирани и оценувани од страна на комисија составена од 3 членови од Здружението на енолози на Македонија.
Наградите за најдобрите тројца првопласирани во категориите вина и ракии ќе им бидат врачени во петок на 14-ти овој месец на градскиот плоштад во Неготино каде што и ќе се одржи централниот настан за одбележување на Свети Трифун.



