Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Започнат е уште еден проект за кој што општина Неготино аплицираше преку вториот јавен повик на Владата на Република Македонија и за чија реализација и беа одобрени потребните финансиски средства. Станува збор за реализација на долгоочекуван проект за населението кое што живее на овој потег во Д.Дисан и кое со години се соочуваше со овој проблем.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева беше присутна на терен и изврши увид во градежните работи кои се однесуваат на реконструкција на улица во Домородското маало во селото Д. Дисан во должина од 370 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.197.767 денари.

Close Search Window