Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Кризниот штаб на општина Неготино и вечерва во проширен состав одржа состанок на кој беа координирани активностите предвидени за утрешниот ден, а во врска со гаснењето на пожарот на планината Серта.
Најавено е дека утре од воздух ќе се дејствува со 4 хеликоптери и 3 авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци.
Кризниот штаб ја обезбеди и потребната механизација за дејствување од терен, а се планира активностите за гаснење на пожарот да започнат уште во раните утрински часови.
Close Search Window