ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

На градскиот плоштад во Неготино се одржа Велигденски концерт

На градскиот плоштад во Неготино се одржа Велигденски концерт

Со цел за збогатување на културно – забавниот живот во нашиот град во организација на општина Неготино и Основното општинско музичко училиште ,, Владимир Арсовски ” денеска на Велики петок се одржа Велигденски концерт.

Концертот се одржа на градскиот плоштад во Неготино и на истиот настапија околу 90 ученици кои посетуваат настава во музичкото училиште и кои пред присутните се претставија со 10-тина музички нумери во кои уживаа повеќе генерации посетители.

Велигденскиот концерт беше збогатен и со настап со 2 точки на играорците од Фолклорниот ансамбл ,, Ацо Ѓорчев ” од нашиот град.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email