Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” број 5/02 и Службен весник на РСМ 202/24 ) и член 79 ст.1 од Статутот на општина Неготино ( Сл.гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 , 16/14, 13/20 и 3/22), Советот на општина Неготино на седницата одржана на ден 14.12.2025 година ги донесе следните
З А К Л У Ч О Ц И од Советот на општина Неготино
против дезинформациите за мигрантски кампови и политичките манипулации
Член 1
1. Се осудува лажната кампања и манипулативно дејствување на опозициски политички субјекти, преку кои во јавноста се пласираат невистини и инсинуации за наводно прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови на територијата на општините.
2. Се констатира дека ваквите дезинформации се шират свесно и континуирано , со цел создавање паника и чувство на несигурност кај граѓаните , што директно ја нарушува стабилноста и спокојство во локалните заедници.
3. Се потврдува дека на територијата на општина Неготино нема, ниту било побарано , ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или какви било трајни форми на сместување мигранти.
4. Се утврдува дека со овие заклучоци се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови, и се потврдува јасна и непроменлива политика против нелегална миграција, во интерес на безбедноста на граѓаните.
5. Се изразува поддрчка на политиките на ладата насочени кон спречување на нлегална миграција, заштита на државниот суверенитет и обезбедување стабилност и безбедност во локалните заедници.
6. Се истакнува дека меѓуетнички односи, стабилноста, толеранцијата и меѓусебното почитување се темелни вредности на локалната заедница и дека секое неодговорно политичко дејствување кое може да ги наруши овие односи претставува сериозна закана за општествената кохезија.
7. Се повикуваат сите политички субјекти, јавни функционери и јавни чинители да покажат одговорност во јавниот говор, да ги почитуваат фактите и да се возджат од ширење лаги и манипулации кои можат да предизвикаат страв, тензии и нарушување на јавниот ред во општините.
8. Овие заклучоци претставуваат јасна порака до граѓаните дека Советот на општина Неготино стои цврсто во заштита на нивната безбедност, мирниот живот и стабилноста на начата локалната заедница.
9. Со цел целосна транпарентност и навремено информирање на јавноста, овие заклучоци ќе бидат објавени на официјалната интернет страница на општината, како и преку останатите официјална интернет страница на општината, заради целосно и точно запознавање на граѓаните со нивната содржина и со ставовите на Советот.
Член 2
Овие Заклуци влегуваат во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Неготино“.

