ИЗВЕСТУВАЊЕза достапност на документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на постојни патишта, ул. „Антигона“ и ул. „Едвард Кардељ“ Општина Неготино во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Неготино аплицираше со проект за реконструкција на постојни патишта, ул. „Антигона“ и ул. „Едвард Кардељ“ Општина Неготино.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Неготино (http://www.negotino.gov.mk/) на 15 мај 2020.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Министерство за транспорт и врски
ESMP Checklist_ Project Negotino_mk_14.5.20.doc
ESMP Checklist_ Project Negotino_ENG_14.5.20