ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Врз основа на член 122 став (4), член 123 став (1), член 126 став (1), а во врска со член 113 став (1) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), градоначалникот на Општина Неготино ја врши следната

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за издадена Б-интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Неготино донесе Решение бр.11-118/5 од 08.07.2026 година, со кое на:

Оператор: ДГТУ „ПЕП-КОП“ ДООЕЛ Скопје
Седиште: Булевар „Кочо Рацин“ бр. 32-3/19, Скопје – Центар

му се издава Б-интегрирана еколошка дозвола бр.03/2026 (11-118/4) од 08.07.2026 година, за:

Инсталација: Постројка за сепарација на песок
Локација на инсталацијата: локалитет Штурлинци, КП бр. 2249/1, КО Пепелиште иКП бр. 4210, КО Неготино, Општина Неготино
Овластен претставник: Тодор Поповски – управител.

Б-интегрираната еколошка дозвола ги утврдува условите и мерките под кои операторот може да ја врши дејноста, како и обврските во однос на заштитата на животната средина, мониторингот и известувањето.

Заинтересираната јавност може да изврши увид во Решението и во издадената Б-интегрирана еколошка дозвола во просториите на Општина Неготино, Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, ул. „Ацо Аџилов“ бр. 14 – Желкова куќа, 1440 Неготино, секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот.

Решението и Б-интегрираната еколошка дозвола се достапни и на веб-страницата на Општина Неготино:

Контакт-телефон: 071/219-073.

ОПШТИНА НЕГОТИНО

p-1.Б интегрирана -ПЕП КОП

p-Решение Б -интегрирана-ПЕП-КОП