Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Состанокот се организира со цел реализацијата на проектот да не предизвика негативни социо-економски влијанија.

Имајќи го во предвид активното спроведување на проектот, како и неговата важност како на национално, така и на регионално ниво, потребно е активно учество на сите засегнати страни. На состанокот ќе учествуваат претставници од  НОМАГАС АД Скопје како и консултанти и претставници од животна средина и социјални работи.

Присуствуво ќе земат претставници од Општината, особено од одделение за урбанизам, одделение за економски развој како и животна средина. Се покануваат претставници на локалното население, преставници од подрачните одделенија на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, како и Невладини организации, Здружениja на жени, и разни други здруженија и асоцијации за кои предложениот состанок е од важност и интерес за развојот на проектот, а со цел реализацијата на проектот да не предизвика негативни социо-економски влијанија.

Состанокот  ќе се одржи на ден 29.01.2026год. (Четврток) во 12 часот во просториите на Општина Неготино (општинска сала) Неготино.

Close Search Window