Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Новости|

Во рамките на одржувањето на манифестацијата „Неделата на виното-2023г.“ која општина Неготино ја организира по повод 14-ти февруари – празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ и годинава ќе биде организиран натпревар во дегустација на вина (бели, црвени и розе) од реколтата 2022 година и ракии од индивидуални производители и семејни винарии на кој право на учество имаат производители од Македонија. Сите заинтересирани се информираат дека натпреварот ќе се одржи на 10.02.(петок), потребните мостри на ракија и вина можат да се достават најдоцна до 09.02. (четврток) во зградата на општина Неготино на трети спрат кај лицето Дени Трајков, а заинтересираните информации можат да добијат на тел. број 078-822-292 во периодот од 08 до 16 часот. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од членови на Здружението на енолози на Македонија, а за производителите на најквалитетни ракија и вина се предвидени награди и признанија кои ќе им бидат доделени на централната прослава која ќе се одржи на 14-ти февруари на градскиот плоштад во Неготино.

Close Search Window