Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Во рамките на одржувањето на манифестацијата „Неделата на виното-2025г.“ која општина Неготино ја организира по повод 14-ти февруари – празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ и годинава ќе биде организиран натпревар во дегустација на вина (бели, црвени и розе) од реколтата 2024 година и ракии од индивидуални производители и семејни винарии на кој право на учество имаат производители од  општина Неготино. Сите заинтересирани се информираат дека натпреварот ќе се одржи на 12.02.(среда), потребните мостри на ракија и вина можат да се достават најдоцна до 10.02. (понеделник) во зградата на општина Неготино на трети спрат кај лицето Јордан Коцев  во периодот од 08 до 16 часот. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од членови на Здружението на енолози на Македонија, а за производителите на најквалитетни ракија и вина се предвидени награди и признанија кои ќе им бидат доделени на централната прослава која ќе се одржи на 14-ти февруари  (петок) на градскиот плоштад во Неготино.

Close Search Window