Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамките на одржувањето на работните средби со граѓаните на општината на кои секој што е заинтересиран има можност да даде предлози, мислења и идеи кои ќе бидат земени предвид при изготвувањето на Програмите за работа на локалната самоуправа и креирањето на Буџетот на општина Неготино за наредната 2024 година, синоќа претставници од општината и советници во Советот престојуваа во Тремник и Војшанци и остварија контакти се дел од жителите на овие населени места. На средбата можеа да се слушнат интересни и издржани предлози од страна на присутните кои се во насока на изнаоѓање и реализирање одржливи решенија за проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно живеење. Работните средби продолжуваат утре 24.11. петок со посета на населените места Тимјаник со почеток од 16,45 ч. во просториите на подрачното училиште, во Д.Дисан од 17,45 во просториите на Месната заедница и во Курија со почеток од 19,00 часот.

Close Search Window