На 31ви март, (петок) Општина Неготино во соработка со воспитно-образовните установи од градот ќе ја организира манифестацијата “Маскенбал 2023”, во рамките на која ќе се одржат маскенбалското дефиле и забвната програма на градскиот плоштад која ќе содржи музичко-забавни точки на децата и учениците од нашиот град.
Во рамките на маскенбалското дефиле своите групни и поединечни маски ќе ги презентираат децата од детската градинка “Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта “Страшо Пинџур” и “Гоце Делчев” и средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј”. Дефилето ќе тргне од двете основни училишта “Гоце Делчев” и “Страшо Пинџур” и ќе се движи по улиците “Маршал Тито” и “Партизанска” и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци. За 12.00 часот е предвидена презентацијата на групните маски на децата од трите клона на детската градинака “Фемо Кулаков”, а веднаш потоа ќе започне забавната програма со презентацијата на групните маски на учениците од основните и средното училиште, кои исто така ќе се претстават со неколку музички перформанси, хумористични точки и денс изведби.