Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Како вовед во манифестацијата “Спортско – културно лето 2023”, која Општина Неготино ја организира ова лето, во недела (9 јули) започнува првиот од предвидените настани, односно меморијалниот турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов 2023”.  Отварањето на турниорот кој што ќе одржи на терените на спортскиот комплекс СРЦ “Mладост” е закажано за недела (9 јули) во 21.00 часот, а учество на турнирот ќе земат повеќе екипи од Неготино, Велес, Кавадарци, Градско, Демир Капија и други градови од државата. Досега за учество на турнирот се пријавени 15-тина екипи, а пријавувањето за учество на истиот е до сабота, 8 јули. Секоја екипа има право да пријави вкупно 10 играчи, а на терен се игра 5+1. Ждрепката и распоредот на натпреварите ќе бидат утврдени во сабота, еден ден пред започнувањето на турнирот. Наградниот фонд го обезбеди општина Неготино, а покрај екипните награди за најдобро пласираните четири екипи, ќе бидат доделени и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и МВП на турнирот. Завршните мечеви и финалето на овој спортски настан, доколку не дојде до измени во програмата поради временските услови, се закажани за 25 јули, кога ќе бидат доделени и наградите за надобрите учесници. Општина Неготино и организаторите на настанот упатуваат покана до граѓаните од општината масовно да ги посетат случувањата на турнирот кој гарантира интересни натпревари и одлична забава.

Close Search Window