Под мотото „Секое фудбалерче заслужува насмевка“ во изминатите 3 дена на градскиот стадион во Неготино се одржаа натпреварите од Меморијалниот турнир во фудбал за млади категории „Зоран Недев-Фелер“. Турнирот се организира во чест и спомен на нашиот починат сограѓанин, спортист и спортски работник Зоран Недев.
Оваа година на турнирот кој се одржа во одлична спортска атмосфера и со публика на трибините учествуваа 36 екипи од од 6 различни генерации од кои по 6 екипи се натпреваруваа на машкиот турнир, а на женскиот турнир учество зедоа 6 екипи. Гости на турнирот беа фудбалерите со лесна попреченост од ФК Карпошево и Кавадаречки срца.
На мое задоволство, имав пријатна можност да присуствувам на дел од натпреварите на турнирот и да бидам заедно со младите фудбалери, нивните ментори и организаторите на Меморијалниот турнир. Присуството го искористив на најуспешните екипи и поединци на турнирот да им ги врачам пригодните награди и признанија посакувајќи им успешна спортска иднина.