Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Образование|

  Пригодни награди и признанија им беа доделени на учениците и наставниците  од неготинското Основно општинско училиште Страшо Пинџур на свеченоста која се одржа во просториите на оваа образовна установа. Станува збор за награди кои им беа доделени на ученици и нивните ментори, а  кои имаат остварено значителни резултати и постигнувања на многубројните натпревари на кои имаат учествувано, а со тоа и придонесено за афирмација на ова неготинско основно училиште. На сите од името на училиштето им се заблагодари директорката Сузана Андонова која заедно со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги доделија наградите и признанијата.

 

 

 

Close Search Window