Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева денеска беше присутна на терен заедно со претставници на проектантската фирма за Изработка на урбанистички проект, како и основен проект за нова училишна зграда и концертна сала за потребите на вработените и учениците од ООМУ Владимир Арсовски Неготино.
Во проектната задача е предвидено и уредување на кабинетите за учениците и концертната салата , студио со опрема за снимање. Станува збор за кабинети за индивидуална настава, како и кабинети за групна настава, кабинет за ЕКТ, помошни простории за наставниците и концертна сала за над 100 гости со фоаје и гардеробери за естрадните уметници.
Потенцијалот кој што во овој момент го има ООМУ Владимир Арсовски- Неготино, со повеќе од 170 талентирани дечиња кои што го развиваат својот потенцијал за пеење и свирење, конечно ќе добие место какво што заслужува, на едно помодерно и повисоко ниво.


