Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

80-тина матуранти од СОУ „ Св, Кирил и Методиј “ од Неготино денеска танцуваа на градскиот плоштад во склоп на настанот насловен како „ Матурски бал “. Истиот беше проследен од родители и најблиски на матурантите, ученици и професори од училиштето и заинтересирани граѓани кои со аплауз го наградија танцувањето на матурантите.

Во обраќањето пред присутните ја искажав убеденоста дека најголемиот дел од матурантите ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе создадат предуслови за надградба на нивните знаења кои несомнено ќе им бидат од голема корист при реализирањето на идните работни и животни кариери. Свое обраќање на настанот имаше и директорката на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Сузана Стоева.

На сите матуранти од неготинското средно училиште им го честитав матурирањето и влегувањето во светот на возрасните, посакувајќи им многу здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.

Close Search Window