Со стоечки овации и аплаузи од присутните на свечената седница беше поздравен младиот 24-годишен шахист Тони Лазов од Неготино кој ја доби наградата 8- ми ноември за извонредните резултати кои ги постигнува на шаховската табла на многубројните натпреварувања во земјата и странство. Врв на неговите успеси беше освојувањето на сребрен медал на шаховската Олимпијада како претставник на шаховската репрезентација на Македонија
Беа доделени и признанија по повод 8- ми ноември и тоа на ДПД Повардарец, д-р Јордан Петров, постхумно на д-р Јован Димковски, Тодор Кузманов, ООУ Страшо Пинџур, Ванчо Мојсов и Ротари клубот од Неготино.
Како градоначалник на општина Неготино во знак на благодарност за огромниот и несебичен придонес при гаснењето на пожарот на планината Серта од неготинска страна на претставниците на повеќе Територијални противпожарни единици и Доброволни противпожарни друштва им врачив благодарници од општина Неготино за нивниот ангажман при гаснењето и ставањето под контрола на пожарот.
Имајќи предвид дека летово пожари имаше и на Армискиот полигон Криволак, со одлука на началникот на генералштабот на АРМ претставници на армијата на учесниците во гаснењето на пожарите им доделија сребрени значки и благодарници во знак на благодарност за нивниот ангажман.