1. „Парк 8-ми Ноември“ КП 11359 ,Неготино
Проектот е со вкупна вредност од 13 608 869,00 мкд со ДДВ и истиот се протега на површина од 3 135 м².Паркот ќе содржи детски реквизити како лулашки со две седишта, Клацкалки , гнездо за нишање и секако урбана опрема како корпи за одпадоци , летниковци за одмор ,фонтана за вода , шах маса , клупи . Просторот е запуштен и нефункционален и целосно обраснат со трева.
2. „Реконструкција на локален пат од с.Долни Дисан- општина Неготино до граница со општина Кавадарци кај месноста Белград“
Проектот е со вкупна вредност од 74 115 587,00 мкд со ДДВ во должина од 3 км.Се дава приоритет на овој патен правец бидејки е во многу лоша состојба со постојни оштетувања и негова дотраеност.Оваа делница ја поврзува општина Неготино со општина Кавадарци ,а понатаму и со Република Грција.Реконструкцијата ке се одвива на постоечкиот патен правец со поставување на елементи за прифаќање и одведување на атмосферска вода (шахти,канали,сливници,пропусти).
3. „Реконструкција на тротоар долж улица Маршал Тито ( од Либерта до Полиција) , општина Неготино“
Проектот е со вкупна вредност од 10 367 576,00 мкд со ДДВ во должина од 580 метри.Тротоарот ке се изведува од бекатон коцки ,а по страните ке се поставуваат рабници.Исто така се предвидени и спуштени рабници за лицата со инвалидитет. Самиот проект не предвидува замена на постоечката подземна мрежа , но ако се утврди на терен дека е неопходно истата ке се замени со постоеќки средства од буџетот на општина Неготино.
4. „Урбана заедница 5 , Урбан блок 5.1 , дел, втора фаза , Општина Неготино“
Проектот е со вкупна вредност од 30 960 348,00 мкд со ДДВ. Урбана заедница 5 , поточно урбан блок 5.1 , е нова урбана заедница која што се протега најужно од градот Неготино кон населбата Тимјаник во плански опфат кој е предвиден за домување .Предвидени се неколку фази и тоа како дел од улици- фазна градба –втора фаза , Водоводна мрежа , Фекална канализација ,Атмосферска канализација и Нисконапонски развод и улично осфетлување.