Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Како градоначалник ја предводев делегацијата од општина Неготино која положи свежо цвеќе на спомен бистата на патронот на училиштето со што започна одбележувањето на патрониот празник на ООУ„Страшо Пинџур“, при што свежо цвеќе положија и претставници на училиштето и други присутни на настанот. Одбележувањето на празникот продолжи со пригодна програма, при што свое обраќање имаше директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев кој ја искористи можноста да ги додели наградите и признанијата за најуспешните ученици по распишаниот конкурс по предметот македонски јазик, а на пензионирани вработени од училиштето им врачи рачни часовници. На сите ученици, раководството на училиштето, наставниот кадар и останатите вработени им го честитам патрониот празник на ООУ„Страшо Пинџур“.

Close Search Window