Со оддавање почит кон ликот и делото на патронот и положување на свежо цвеќе на спомен-бистата лоцирана во училиштето од страна на повеќе делегации, денеска се одбележа патрониот празник на ООУ„ Страшо Пинџур“од Неготино.
По повод празникот, Активот по Македонски јазик организираше литературен конкурс на тема „ Мојот јазик – мојот корен мојата душа, моето јас“. На конкурсот се наградени следниве ученици:
– Првото место и припадна на ученичката Ана Николова од 7г одд.
– Второто место го освои ученичката Мила Василева од 7а одд.
– Третото место & припадна на Павлинка Недева од 9г одд.
Првонаградената творба беше прочитана на прославата на празникот на училиштето. По доделувањето на наградите беше спроведена културно уметничка програма, организирана од страна на учениците. Во рамките на одбележувањето на празникот, на пензионирани работници им беа доделени пригодни награди.