Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во пресрет на утрешното чествување на Денот на сесловенските просветители  Кирил и Методиј, денеска беше одбележан патрониот празник на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино. Празнувањето започна со пригодно обраќање на директорката Сузана Стоева која говореше за одвивањето на воспитно-образовниот процес во училиштето кој, според неа, е на највисоко ниво. На одбележувањето на патронатот беа доделени награди на ученици и професори кои освоиле награди на државни натпревари. За ученик на генерацијата беше прогласена Елена Јорданова, а за истакна ученик од елекрто струка е прогласен Стефан Динов. Настанот беше збогатен со богата културно-уметничка програма подготвена и изведена од ученици и професори.

Close Search Window