Согласно со членовите 16, 17 и 18 за формирање на Локален младински совет од Законот за младинско учество и младински политики, се формира Локално собрание на млади со цел конституирање на потребата и давање на иницијатива за понатамошно формирање на Локален младински совет во согласност со Законот.
Локалното собрание на млади заседаваше на 04.06.2022 година и во согласност на присутните членови донесена е
ОДЛУКА
за избор на членови на Локален Младински Совет
По претходно објавениот повик на веб страната на општина Неготино, а донесен од страна на Локалното собрание на млади на 14.05.2022 година, се пријавија 5 (пет) здруженија.
Според член 16, став 4 од Законот за младинско учество и младински политики, бројот на членови на локалните младински совети е непарен и не надминува повеќе од една третина од членовите на Советот на општината, општините во градот Скопје и градот Скопје но не може да биде помалку од пет лица.
Локалното собрание на млади, според член 18 од од горе-наведениот закон, и со мнозинство гласови ги избра следните лица за членови на Локален Младински Совет:
Пане Камчев, претставник на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – Неготино.
Тијана Стојанова, претставник на Клуб на млади на Општинската организација на Црвен крст – Неготино.
Кристијан Митковски, претставник на политичката партија Левица – Неготино.
Сања Камчева, претставник на Здружение на граѓани „Центар за регионален и одржлив развој“ – Неготино.
Мите Јаначков, претставник на Здружение на граѓани „Ековита“ – Неготино.
Според член 18, став 5 од Законот за младинско учество и младински политики, членовите на локалните младински совети општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се верификуваат од страна на Советот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје по добиена одлука за избор на членови од страна на Собранието на млади на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје
Оваа одлука ќе се објави на веб сајтот на општина Неготино.