Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градиме инклузивна и мобилна општина – доделени трицикли за лицата со попреченост

Денес направивме уште еден значаен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани!

Со големо задоволство го потпишав Меморандумот за соработка помеѓу Општина Неготино и НВО „Порака“, во рамките на меѓународниот проект „ЛАМО“ (LAMO), поддржан од Програмата ИНТЕРРЕГ ИПА АДРИОН.

Преку оваа соработка, Општина Неготино става на користење нови трицикли, кои во наредниот период ќе бидат тестирани од страна на лица со ограничена мобилност и попреченост.

😇Ова значи дека лицата со попреченост добиваат современо и безбедно средство за движење. Во соработка со НВО „Порака“, корисниците ќе ги тестираат трициклите во реални услови, со цел да се промовира велосипедскиот транспорт како инклузивен начин на движење. Општината и НВО „Порака“ ќе обезбедат целосна поддршка и обука за корисниците за безбедно управување со опремата.

Нашата цел е јасна!
Сакаме Неготино да биде пример за град каде секој граѓанин има еднаков пристап до инфраструктурата и можностите. Велосипедизмот не е само рекреација, туку право на движење за сите!

🙏Упатувам голема благодарност до партнерите од НВО „Порака“ и до тимот вклучен во проектот „ЛАМО“ за нивната посветеност кон градењето на паметна и одржлива урбана мобилност.

Продолжуваме да работиме посветено – за секој еден граѓанин на Неготино!

Close Search Window