Застарениот и со децении необновен возен парк, огромните финансиски трошоци за често сервисирање на веќе дотраените возила и неможноста вработените во локалната самоуправа непречено на терен да ги извршуваат своите работни задачи, беа повод општина Неготино за сопствени потреби да изврши набавка на 2 нови возила со единствена цел за подобрување на функционалноста на локалната самоуправа.
Вредноста на двете возила после јавната набавка изнесува 1.604.800 денари од кои општина Неготино обезбеди 663.980, а Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој 940.820 денари. Инаку, општина Неготино во соработка со Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој го реализираше проектот за развој на селата „Зајакнување на човечките капацитети со користење на економични возила за промоција на алтернативниот туризам во руралните подрачја.
Токму преку овој проект се набавени 2 еколошки и економични возила за потребите на промоција на винскиот, АПИ и еко туризам на подрачјето на нашата општина, како и за други потреби на локалната самоуправа.