Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Новости|

По објавувањето на информациите за масовното труење на кучиња на потегот на ул. Индустриска во нашиот град, општина Неготино јасно, недвосмеслено и најостро го осудува овој вандалски чин и бара од надлежните институции да преземат и спроведат итни активности за откривање и пронаоѓање на сторителот или сторителите на овој грозоморен чин. За таа цел, остварен е официјален контакт со надлежните од ОВР-Неготино и побарана е брза интервенција за откривање на идентитетот на лицето кое го извршило делото, поднесување на соодветен поднесок против него согласно законските прописи и изрекување на санкции за стореното дело. Исто така, контактирано е и со одговорните од Ветеринарна станица Неготино со сугестија за поинтензивно заловување на кучињата-скитници и нивно сместување во постоечкиот стационар.

Close Search Window