Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамки на Програмата IPA CBC Грција-Р.С.Македонија, општина Неготино во партнерство со  општина Пела-Грција, Грчко здружение за Алцхајмерова болест и сродни нарушувања,  ЈЗУ,, ЗДРАВСТВЕН ДОМ -НЕГОТИНО“,  и ИАН Институт за алцхајмерова болест и невронаука Скопје, го  потпишаа Partnership Agreement ( Партнерскиот Договор) за реализација на Проектот „Еднаков пристап до здраствена грижа за возрасната популација во прекуграничната областсоочување со предизвиците од деменција ,,Elder-Care“.

Проектниот буџет за општина Неготино изнесува  128.249,00  евра, додека проектниот Буџет на  Јавна здравствена установа Неготино  ЈЗУ ,,ЗДРАВСТВЕН ДОМ -НЕГОТИНО“  е со вредност од 121.500,00 евра.

Проектот опфаќа проектни активности за општина Неготино:

  • Развој на Дневен Центар за возрасни и ранливи групи со адаптација на простор и опремување со опрема за физичка активност и подобрување на ментално здравје на возрасни и ранливи категории на лица
  • Ангажирање на мобилен тим од 4 лица асистенти за грижа на здравје на возрасни и ранливи категории на лица
  • Обезбедување на медицинска опрема за мобилниот тим за грижа на здравје на возрасни и ранливи категории на лица
  • Обезбедување на Медицинска опрема за грижа на здравје на возрасни и ранливи категории на лица
  • Организирање на арт терапија за возрасни и ранливи категории на лица
  • Организирање на окупациона терапија за возрасни и ранливи категории на лица
  • Организирање на неколку настани за промоција на грижа на заедницата кон возрасни и ранливи категории на лица

Проектот ги опфаќа следните  проектни активности  за ЈЗУ,, ЗДРАВСТВЕН ДОМ -НЕГОТИНО“

  • Развој на медицински кабинет во болница како „Центар за рехабилитација“
  • Набавка на медицинска опрема за медицинскиот кабинет во болница „Центар за рехабилитација“
  • Набавка на амбулантно возило за транспорт
  • Набавка на преносен ултразвучен апарат, преносен ехо уред за ултразвучна дијагностика
  • Набавка на медицинска опрема потребна за реанимација, дефибрилатор, мали уреди за амбулантното возило)
  • Организирање на неколку настани за промоција на грижа на заедницата кон возрасни и ранливи категории на лица

 

Close Search Window