Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Општина Неготино организира предновогодишна забава!
Активностите започнуваат во четврток на 25-ти и ќе се одвиваат до вторник 30-ти декември на градскиот плоштад во Неготино.
Свое претставување со програма ќе имаат најмладите од градинката Фемо Кулаков и ученици од двете основни, музичкото и средното училиште од нашиот град. На плоштадот ќе биде присутен Дедо Мраз, ќе има бројни музички точки, новогодишен базар и приредба, настап на хор и солисти, честитки и многу други содржини.
Општина Неготино ги поканува сите граѓани да присустуваат на плоштадот и сите заедно да ја проследиме и уживаме во богатата програма.

