Во Клубот на пратеници во Скопје претставници на општина Неготино го потпишаа договорот за соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, локалната самоуправа Неготино и ЈУОГД „ Фемо Кулаков “.
Со овој договор во детската градинка од Неготино во учебната 2025/2026 година ќе бидат згрижени деца од Ромска националност на возраст од 3 до 6 години кои се во социјален ризик, а во рамките на спроведувањето на проектот „ Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки “.
Со ова општина Неготино на дело покажува дека цврсто стои зад вредностите на еднаквост, инклузија и достоинство.

