Општина Неготино објави продажба, односно отуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање соспственост на РМ вон населено место за стопански комплекс на катастарска парцела 1.000 со намена за лесна индустрија и стоваришта и тоа вкупно 7 атрактивни парцели со почетна цена од 61 денар за метар кавдратен. Исто така, се продаваат и 3 градежни парцели во Урбан блок 5.1 во Неготино наменети за изградба на објекти за индивидуално домување со почетна цена од 373 денари за метар кавдратен, како и две градежни парцели во детален урбанистички план во Неготино за индивидуално домување со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Општината објави и продажба на една градежна парцела за домување во станбени згради и тоа една парцела со почетна цена од 680 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 23.01.2014 година на адреса на општина Неготино, а јавното наддавање ќе се одржи на 27.01.2014 во термините 9, 10, 11 и во 12 часот. Бидејќи станува збор за градежни локации со извонредно атрактивна местоположба во близина на автопатот и железничката пруга, од локалната самоуправа очекуваат голем интерес за нивна продажба.