Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Сензорната соба е опремена со мноштво дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, со аутизам и други, а активноста за нејзино опремување е дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од ЕУ. Во  обраќањето како градоначалник на општина Неготино истакнав дека „чест ни е што ја продолжуваме соработката и по отворањето на првото инклузивно игралиште, денеска ја отворивме и сензорната соба. Придобивките од нивното постоење се големи не само за учениците со пречки во развојот, туку и за стручните служби и наставниот кадар кои добиваат алатки со кои можат да им пружат соодветни образовни услуги на децата. Ова од причина што доколку создаваме инклузивни заедници, постојано ќе ги подобруваме капацитетите за создавање инклузивна култура не само во училиштето, туку и во општината“.

 

Close Search Window