Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамките на активностите за одбележување на празникот Св. Трифун, во Музејот на град Неготино беше отворена јубилејната 20-та копаничарска изложба на ЗЗН Стари занаети од нашиот град.
📍Свои обраќања пред присутните за значењето на изложбата имаа Драгица Чекоровска – виш кустос етнолог, Александар Донов – директор на неготинскиот Музеј, Љиљана Василева од Здружението Стари занаети, а изложбата за отворена ја прогласи Роза Јаневска – претседателка на Советот на општина Неготино.
➡️Присутните на изложбата имаа можност да погледнат над 50 изложени копаници изработени од вредните раце на 13 членови на Здружението Стари занаети. За сите заинтересирани, информација дека копаничарската изложба ќе биде отворена до крајот на месец февруари.
 
Close Search Window