Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-413/1 од 20.08.2019 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот
О Г Л А С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди
1. Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на реквизити за забава на локација во старата гимназија по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 500 м.кв. за период од 20.06.2022 до 31.08.2022 година.
2. Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 140.000,oo денари за целокупниот горенаведен период.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. Најповолниот понудувач е должен да обезбеди електричен проклучок, да склучи договор за обезбедување комунални услуги и соодветен број тоалети.
3. Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 10.000,оо денари депозит за учество на јавното наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00. Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 06.06.2022 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4. На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 10.000,оо денари.
Општина Неготино
Комисија за јавно наддавање