Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002) и Одлука за отуѓување на движни ствари сопоственост на општина Неготино бр.08-420/9 од 30.08.2019 година („Службен гласник на општина Неготино“ бр.9/2019), објавува

О Г Л А С
За оттуѓување на движни ствари сопственост на општина Неготино
по пат на прибирање на најповолна понуда

     
1.Предмет на продажба се употребувани движни ствари – елементи од алуминиумски прозори и врати и радијатори од лиено железо користени за греење во општинската зграда со индивидуален систем на греење, поради замена на постоечките со нови и тоа
1.1 Отпадни елементи од
-Трокрилен прозор со 2 фиксни крила и еден на отварање дим. 304*172 -6 на број
-Трокрилен прозор со 2 фиксни крила и еден на отварање дим. 308*172 –13 на број-Влезна врата со дим. 310*306 –1 на број
-Портал со двокрилна врата дим. 355*270-1 на број
-Фиксен портал дим. 354*270 -3 на број
-Фиксен портал дим. 120*370 –1 на број
-Трокрилен прозор со 2 фиксни крила и еден на отварање дим. 200*278 –4 наа број
-Влезна врата двокрилна дим. 140*282 –2 на број
-Преграда со 6 фиксни елементи и крило врата дим. 280*278 –2 на број
-Преграда со 7 фиксни крила дим. 280*278 –2 на број

1.2 Пакет радијатори од лиено железо и тоа
-радијатор со 25 ребра – 1 број
-радијатор со 17 ребра – 1 број
-радијатор со 19 ребра – 1 број
-радијатор со 20 ребра – 5 броја
– радијатор со 21 ребро –1 број
– радијатор со 22 ребра – 2 броја
– радијатор со 23 ребра -2 броја
– радијатор со 25 ребра -2 броја
– радијатор со 26 ребра – 2 броја
– радијатор со 27 ребра –  1 број
– радијатор со 28 ребра –  1 број
– радијатор со 29 ребра –  1 број
– радијатор со 30 ребра –  1 број
– радијатор со 34 ребра – 4 броја
     
2. Заради продажбата за стварите наведени во точка 1 Градоначалникот на општина Неготино ќе формира комисија.

3. Комисијата ќе ги разгледа пристигнатите понуди и за тоа ќе состави записник.

 4.Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе склучи договор за купопродажба на движни ствари со оној понудувач кој понудил највисока цена.
5. Сите заинтересирани  лица се должни да достават понуда најдоцна до 04.10.2019 година до архивата на општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Заинтересираните купувачи можат да достават понуда посебно за точка 1.1 или посебно за точка 1.2  или заедно за двете. Ненавремените понуди нема да се разгледуваат.
    5.1 Понудата за елементите од точка 1.1 од оваа одлука да биде изразена како алуминиум и железо по килограм а по извршеното мерење ќе биде утврдена точната количина од коишто околу 65% се алуминиум и 35% се железо.
    5.2 Понудата за радијаторите да биде изразена како цена по ребро во пакети како што е опишано во точка 1.2 од оваа одлука.
    5.3 Товарањето и транспортот на понудените ствари од точка 1.1 и точка 1.2 се на товар на купувачот.

6. Овој оглас ќе биде објавен на веб страната на општина Неготино, на огласната табла на општина Неготино и во еден медиум и истиот почнува да важи од 30.09.2019 година и трае до 04.10.2019 година.

Close Search Window