Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 11-к став (1), (2), (3) и став (4) од Законот за Пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), Градоначалникот на општина Неготино во постапка на унапредување на професионален пожарникар преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А
За избор на професионален пожарникар
по пат на интерен оглас

1.По интерниот оглас бр.04/2023 објавен на ден 05.12.2023 година за унапредување на професионален пожарникар во Територијална противпожарна единица на општина Неготино и шифра на работно место : ПОЖ 02 10 А05 000 се избира Димитар Ташев.

2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за распоредување на професионалниот пожарникар од редот на раководните спасители.

3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е
Општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.04/2023 година на ден 05.12.2023 година за унапредување на професионален пожарникар во Територијална противпожарна единица на општина Неготино со назив на работно место – Заменик командир на ТППЕ на општина Неготино и шифра на работно место : ПОЖ 02 10 А05 000 . Комисијата за селекција и унапредување на професионалниот пожарникар на ден 12.12.2023 година во 10:00 часот спроведе административна селекција по интерен оглас, при што се утврди дека уредно доставени документи имаше единствениот кандидат Димитар Ташев. На ден 13.12.2023 година во 12:00 часот се спроведе и интервју со единствениот кандидат . По спроведеното интервју , Комисијата изготви ранг листа , врз основа на која Градоначалникот на општина Неготино изврши избор како во дипозитивот на оваа одлука.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право да поднесе жалба до Општина Неготино во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата на институцијата.

О Д Л У К А За избор на професионален пожарникар по пат на интерен оглас

Close Search Window