Врз основа на член 17-в од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22) , Градоначалникот на општина Неготино донесе
О Д Л У К А
За поништување на постапката за Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие Регионален Центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци бр.01/24
СЕ ПОНИШТУВА постапката за избор на еден член на Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие Регионален Центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци бр.01/24 , објавен на ден 27.06.2024 година на веб страната на општина Неготино.
О б р а з л о ж е н и е
Општина Неготино , врз основа на донесената одлука од Советот на општина Неготино со бр.08-529/9 од 20.06.2024 година за распишување на Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Управен одбро на Заедничко јавно претпријатие Регионален Центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА и условите предвидени за учество на јавниот повик во јавниот повик бр.01/24 година , до крајниот рок за доставување на потребната документација 11.07.2024 година , не се пријави ниту еден кандидат.
Имајќи го предвид горенаведеното , се одлучи како во диспозитивот на одлуката.