Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На 29.02.2024 година во Неготино се одржа петтата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските Совети“ на која беше презентирана евалуацијата на целиот процес, информација за реализација на проектот „Подобрување на пристапност за лица со посебни потреби-реконструкција и изведување спуштени тротоари“,  информација за проектите произлезени од форумот кои не се финансирани од истиот и за реализацијата на препораките дадени од форумот.

Во рамките на проектот, општина Неготино изврши реконструкција на 2 тротоари долж главната улица „Маршал Тито“ во должина од 553 метри, од причина што истите беа во навистина незавидна состојба и со најголема оштетеност и го оневозможуваа слободното движење на лицата со попреченост.

Со реконструкцијата се зголеми безбедното движење на пешаците, а со изведувањето спуштени тротоари на повеќе локации, се овозможи активно вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот, нивна инклузивност во заедницата, пристап до установи и институции од јавен карактер и можност за остварување на нивните права и обврски.

Програмата „Зајакнување на општинските Совети“ е финансирана од Швајцарската Влада и Министерството за локална самоуправа, а е кофинансирана и спроведена од Програмата за развој на ОН УНДП во соработка со национални и локални партнери.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #EMC2 #CitizensComeFirst #CHinMK

Close Search Window