Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Образование|

   Одличен успех на 5-те неготински ученици кои зедоа учестви на Државниот натпревар на млади истражувачи што во организација на Народна техника на Македонија се одржа во Штип. Раде Коцев од средното училиште Св. Кирил и Методиј од Неготино го освои првото место на тема Рциклажа на отпад од фарма, Стефан Андонов беше трет со темата Испитување на микроклиматските услови во неготинското средно училиште и нивното влијание врз учениците, Соња Јовановска во областа – математика го освои првото место, Ристе Казиев е четвртопласиран на тема Дејството на растителниот хормон Ауксин врз ожилувањето на растенијата, додека четврто место освои Ѓорѓи Јованов на тема Конвексни огледала-соларен шпорет. Вреди да се спомене дека во техничката подготовка на споменатите ученички проект, покрај менторите на учениците, учествуваше и Здружението на граѓани Ековита од Неготино.

 

 

 

Close Search Window