Владата на Република Словенија преку Министерството за надворешни и европски работи и амбасадата во Македонија го финансираат 3-годишниот проект за развој на пчеларството во Вардарскиот и Североисточниот регион. Отворениот повик се однесува за мотивирани и заинтересирани млади луѓе кои сакаат сериозно да отпочнат свој бизнис за одгледување на пчели, производство на мед и производи од мед во руралните средини во општина Неготино. Почетниците кои ќе бидат избрани ќе добијат врвна обука од најдобрите стручњаци од Македонија и Словенија, а после завршената обука ќе добијат се што им е потребно да го започнат својот бизнис. На повикот можат да се пријавуваат и пчелари кои сакаат да го унапредат своето работење и да го подигнат на највисоко ниво во делот на органското производство. Сите заинтересирани и мотивирани лица за учество во проектот можат да се пријавуваат преку е-пошта adra.mkd@gmail.com или на телфонскиот број 070-225-651 кај проект менаџерот Дејан Антиќ.