Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

 На организиран настан од УСАИД, потпишав меморандум со што општина Неготино ќе учествува во четвртата група на партнер-општини на проектот на УСАИД за „ Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“. Проектот се спроведува од Глобал инк од САД, а негова главна цел е преку партнерство со единиците на локалната самоуправа и Владата да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди и продолжи процесот на фискална децентрализација.
„ Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ е петгодишен проект на УСАИД кој ги поддржува единиците на локалната самоуправа во унапредувањето на нивните капацитети за мерливо зголемување на сопствените извори на приходи, пристапност до надворешно финансирање и поефикасно извршување на Буџетот на ЕЛС во согласност со барањата за буџетирање и известување од Владата. Проектот е започнат во 2021 година, а поддршката кон ЕЛС ќе продолжи до 2026 година.
Директорот на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите Bardhyl Marku , ги претстави клучните резултати од соработката со партнер-општините. Истакна дека 48 партнер општини ги зголемија приходите од сопствени извори со просечен пораст од 22,32% во 2023 година, надминувајќи го значителниот раст од 10,26% забележан во претходната година. Дополнително, 14 општини кои изразија интерес, добија помош за ажурирање на базата на податоци за данок на имот, што резултираше во просечно зголемување од 20,5% на наплатата на данокот на имот. Овие резултати значително допринесоа за просечниот пораст од 45% на приходите од сопствени извори во истиот период.
Close Search Window