Општина Неготино и градоначалничката Марија Нацева упатуваат јавна покана до сите граѓани на општината, Тиквешијата и пошироко сите заеднички да ја почуствуваме новогодишната магија и да ја завршиме годината со музика и во празничен дух. Имено, по цели 8 години пауза, општина Неготино повторно организира заеднички дочек на Новата 2026 година на градскиот плоштад во Неготино.
На 31 декември од 12,00 ч. плоштадот ќе биде исполнет со детска радост и празнична атмосфера наменета за нашите најмлади сограѓани, при што свој настап ќе имаат популарните ликови Гринч и Стич, а од 12,3о ч. свој настап ќе има популарниот изведувач Пајак.
Дочекот на Новата година на плоштадот ќе започне од 22,30 ч. со концерт на Татјана Стегфановска и Влатко Миладиновски во придружба на оркестарот на Златко Миладиновски.
Се покануваат сите заинтерсирани граѓани заедно да ја испратиме старата и да ја дочекаме Новата 2026 година во пријатна и весела атмосфера.


