Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На пригодна свеченост, како градоначалник на општина Неготино заедно со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицковски и министерот за локална самоуправа Златко Перински го означивме започнувањето на градежните активности за изградба на нов градски пазар.

За прв пат од постоењето на градот, Неготино ќе добие нов, модерен и најсовремен затворен градски пазар, а вредноста на проектот изнесува 25.960.000 денари со вклучен ДДВ – средства обезбедени од буџетот на општина Неготино.

Просторот на кој ќе биде пазарот е со површина од 440 метри квадратни и тоа по 220 од двете страни со поставување настрешници и тезги.

На просторот на новиот пазар ќе бидат поставени 90 метални тезги, а објектот е предвидено да функционира со услужна намена – пазар и ќе биде во сопственост на општина Неготино.

Рокот за завршување на работите е 3,5 до 4 месеци и како градоначалник се надевам дека мошне скоро од денес граѓаните на општина Неготино и пошироко ќе можат да започнат со користење на новиот градски пазар.

Close Search Window