Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денеска во работна посета на нашата општина престојуваа претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински.
➡️Во рамките на посетата заедно со премиерот и министерот после децении чекање го отворивме новиот модерен и затворен градски пазар кој е изграден со средства од буџетот на општина Неготино во висина од 25.913.899 денари со вклучен ДДВ со што граѓаните на располагање добија најсовремен градски пазар по највисоки стандарди со поставени метални тезги и обезбеден лесен и безбеден пристап до пазарот кој ќе биде во функција 365 дена во годината.
➡️Заедно со премиерот Мицкоски и министерот Перински извршивме вовед во работите за реконструкција на тротоари на ул. Маршал Тито на потегот од Либерта до Полициската станица. Вредноста на овој проект е 10.496.204 денари со вклучен ДДВ и истиот беше аплициран на јавниот повик од МЛС за финансирање на општините. Со проектот е предвидено отстранување на стариот бетон и рабниците, тампонирање и монтажа на нови бекатон плочки и рабници и засадување на нови дрвја магнолии.
➡️Исто така, се изврши и вовед во работите за уредување на урбан блок 5, урбана заедница 5.1 за работи кои се однесуваат на изградба на комунална инфраструктура, уредување на целата населба и решавање на имотно правни односи. Вредноста на договорот е 35.370.500 денари од кои 25.256.509 денари се преку договор со Министерството за транспорт и кофинансирање на општина Неготино со 10.113.991 денари. Со проектот ќе се постави водоводна, фекална и атмосферска канализација, изградба на дел од улиците во овој урбан блок, нисконапонски развод и поставување улично осветлување и асфалтирање согласно проектот. Инаку, на терен веќе се изведени работите од првата фаза со средства од 15.930.000 денари – средства обезбедени од буџетот на општина Неготино.
Close Search Window