Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Претседателката на државата и  Врховен командант на АРМ Гордана Силјановска Давкова денеска напладне изврши увид на лице место на гаснењето на пожарот на планината Серта од неготинска страна кај селото Калањево. За време престојот претседателката Силјановска Давкова беше информирана за актуелните случувања на терен и ефектите од неколкудневното гаснење на пожарот кој веќе 8 денови беснее на Серта.
Претседателката и Врховен командант на армијата ги посети и оствари средба со припадниците на АРМ кои од самото настанување се вклучени во гаснењето на пожарот и им оддаде признание за ангажманот што го даваат за негово гаснење и остварувањето на крајната цел за ставање на пожарот под контрола.
Close Search Window