Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Денеска во работна посета на Неготино и Тиквешијата престојуваше претседателот на Владата на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски кој на лице место на терен изврши увид на подрачјата кои изминатиов период беа зафатени од пожари.
Претседателот Мицкоски го посети потегот кај селото Пепелиште во близина на АП Криволак и на планината Серта од неготинска страна каде што од страна на голем број чинители беа вложени натчовечки напори за гаснење на пожарите и нивно ставање под контрола.
Премиерот Мицкоски на сите пожарникари и други лица кои учествуваа во гаснењето на пожарите им упати јавна благодарност за вложените напори при гаснењето на пожарите.
Close Search Window