Со богата дводневна програма која што оваа година Општина Неготино ја подготви во чест на Денот на градот – 8-ми Ноември, ќе биде одбележана 78-годишнината од ослободувањето на Неготино. Големиот број културни и спортски настаните ќе се одржат на 7ми и 8ми ноември (понеделник и вторник) на повеќе различни локации, а Свечената седница на Советот на општината ќе се одржи во вторник – 8 Ноември со почеток од 11.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино.