Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Со оглед на краткиот рок до кој може да се поднесуваат барања за легализација на бесправно изградените објекти, општина Неготино ги информира заинтерсираните граѓани дека надлежните служби го продолжија периодот на работење. Така, од среда 24-ти август до 3-ти септември барањата за легализација на дивоградбите се примаат секој работен ден од 8 до 20 часот и во сабота од 8 до 14 часот. Истите можат да се доставуваат во Граѓанскиот услужен центар лоциран во приземјето на зградата на општина Неготино.

Close Search Window