Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЛЕР и јавни дејности, Новости, Соопштенија|

ПОВИК

До сите лица со посебни потреби / лица со попреченост граѓани на општина Неготино/ организации за лица со посебни потреби  и  лица со попреченост за доставување на Барање за користење на специјализирано превозно средство (комбе)за транспорт на лица со попреченост

Во рамки на ЕУ Програма ,, Interreg IPA Adrion”, Проект,, Локалните власти на патот кон одржливa урбанa мобилност во Јадранскиот/Јонскиот регион” со Акроним ,,ЛАМО, општина Неготино за потребите на своите граѓани (лица со посебни потреби/лица со попреченост на територија на општина Неготино објавува:

Повик за достава на Барања за користење на специјализирано превозно средство –комбе, наменето за лица со посебни потреби и организации за лица со посебни потреби подршка и поттикнување на урбана мобилност на лицата со посебни потреби.

Право на користење на специјализирано превозно средство имаат сите граѓани (лица со посебни потреби /лица со попреченост)  на територија на општина Неготино за индивидуално барање за  :

* Транспорт до здраствена установа заради извршување на лекарски преглед

* Транспорт до Институции заради извршување на административни потреби

Право на користење на специјализирано превозно средство имаат сите граѓани (лица со посебни потреби /лица со попреченост)  на територија на општина Неготино за организирано заедничко  барање од група за  :

* Транспорт до туристички локалитет заради остварување на туристички активности

*Транспорт до локалитети на територија на општина Неготино заради извршување на рекреативни и друг вид на активности

* Транспорт до локации од интерес и значење за лица со посебни потреби/ лица со попреченост.

 

Услови:

Лицето/Организацијата, Барател потребно е да поднесе Барање до општина Неготино (електронски на маил info@negotino.gov.mk или писмено во Архива на општина Неготино) до Комисија за разгледување на Барања за користење на специјализирано превозно средство-комбе, не покасно од два дена пред потребата од реализирање на транспорт за сопствени потреби.

Лицето Барател потребно е за времето на своето патување да обезбеди придружба доколку неговата здраствена состојба му оневозможува самостојно реализирање на патување.

Во прилог на Барањето потребно е да биде наведена потребата од транспорт, дестинацијата на тргнување и целната дистинација, ден/време на тргнување и враќање од целната дестинација.

Во прилог на Барањето потребно е да биде доставена соодветна документација (Потврда од матичен лекар или Потврда од Центар за социјални работи)со која се потврдува дека станува збор за лице/лица од погоре наведените категории.

Барањe за користење на специјализирано превозно средство –комбе

Close Search Window